Македонско девојчеЛИСТА НА ПЕСНИ
1. За кого?
2. Македонска партизанска
3. Птицо малечка
4. Пролет лето, есен зима
5. Ти, златно Сонце
6. Скопска магла
7. Јас сум несреќница
8. Ружа, ружица
9. Дојде време, дојде
10. Ај беше мај

Македонско девојче (Авалон Продукција, 2008)

Во јуни 2008, Каролина го издаде својот петти албум, „Македонско девојче“.
Ова ЦД, соработка со познатиот македонски композитор Златко Ориѓански (поранешен член на групата Анастасија), е сосема поинаков албум од се' што таа работеше претходно.
Сите песни поместени на овој албум се инспирирани од македонската традиционална музика, а првиот сингл од изданиево, „Птицо малечка“ стана огромен хит во Македонија.
Покрај Златко Ориѓански, на албумот свират неколку врвни македонски инструменталисти: Иван Бејков, Александар Секуловски, Дино Милосавлевиќ, Благојче Трајковски, Петар Христов, како и Мандолинскиот оркестар при МКЦ под диригентска палка на маестро Сашо Татарчев.
Албумот е комплетно снимен во музичкото студио „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски.
„Македонско девојче“ е најпродаваниот албум во Македонија за 2008.