News Archives

МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ 2

објавено: јануари 2014

Почитувани,
Задоволство ни' е да Ве информираме дека се прецизирани сите детали околу промоцијата на следниот проект на Каролина и еден од најдолгоочекуваните албуми во историјата на македонската музика “Македонско Девојче 2”.
Албумот “Македонско Девојче 2” ќе биде во слободна продажба од 25-ти февруари низ цела Македонија.

Првите копии од новиот албум, ќе ги добијат посетителите на 5-те концерти, кои ќе се одржат од 20-ти до 24-ти февруари во МОБ, кога со секоја купена влезница ќе добијат по еден примерок од албумот, на денот на концертот. Цената на пакетот, влезница, плус луксузно дигипак издание ќе биде 600 денари. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се'” како и на билетарата на МОБ.

Ваша,
Авалон Продукција
| превземете ja "Чалгиска" во Mp3 | превземете ja "Две лири" во Mp3 |

КАРОЛИНА АКУСТИЧНО

објавено: јули 2013

Почитувани, со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека нашата најголема музичка ѕвезда Каролина, после 7 години, ќе има свој концерт во античкиот театар Хераклеа во Битола, во склоп на Бит Фест 2013.
Концертот ќе се одржи на 28-ми јули во 21ч.

Како и нејзиниот последен концерт во Скопје и овој пат Каролина, пред Битолската публика за прв пат ќе се представи со својот бенд во акустична варијанта.

Влезниците за концертот по цена од 200ден. веќе се пуштени во продажба преку билет сервисот www.kupikartizase.com, а во Битола можат да се набават во музичките продавници Loudnes и Energy, како и во кафе бар Симбол.

"НАJУБАВИ ПЕСНИ" - ВО ПРОДАЖБА!

објавено: ноември 2012

Новиот, прв компилациски, албум на Каролина насловен како "Најубави песни" во продажба од 27 ноември.
Албумот содржи 12 песни, плус три бонус песни. Комплетниот избор на најубавите песни од нејзината кариера го направи самата Каролина.

Се работи за песни, за повеќето од кои не бил снимен спот, ниту пак биле најавени како сингл и поради тоа можеби не го добиле третманот што го заслужуваат со својот квалитет, а имале одличен прием кај фановите.

Генерален спонзор на албумот е компанијата Оне, а спонзори се Пелистерка и Комерцијална Банка.

Проектов ќе биде промовиран со акустичен концерт на 22 декември во Универзална сала, додека влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 3 декември (по цена од 400 ден.) на следниве локации: Билетара на Универзална сала, 1/2 Југотон - ГТЦ и Цвеќара Розе - Веро 2.
| погледнете постер |

"ТОJ" КАКО НАЈАВА ЗА КОМПИЛАЦИСКИ АЛБУМ

објавено: октомври 2012

Новиот сингл "Тој", со музика на Никола Перевски - Пере и аранжман на Бертан Аслани, е најава за новиот компилациски албум на Каролина, кој во продажба ќе биде пуштен на 19 ноември годинава.
Режијата за видеово е на Дарко Мораитов, а директор на фотографија е Драгољуб Николовски.
Проектов ќе биде заокружен со акустичен концерт на 22 декември во Универзална сала, Скопје.
| погледнете видео |

КАРОЛИНА СО НАСТАП НА RUNJICEVE VECERI 2012

објавено: октомври 2012

На сцена со хрватската музичка елита, Каролина настапи на сплитскиот музички настан "Руњиќеви вечери" во чест на покојниот хрватски композитор Зденко Руњиќ.
На покана на сопругата и ќерката на Руњиќ, придружувана од комплетен оркестар диригиран од Алан Бјелински, поп-ѕвездата ја изведе песната "Остани", евровизиска песна на Горан Каран од 2000 год.
| погледнете видео |

КАРОЛИНА - ПРВ И ЕДИНСТВЕН МУЗИЧКИ SUPERBRAND

објавено: 6 март 2012

Долгогодишната успешна кариера, шесте студиски албуми продадени во десетици илјади примероци, огромниот број концерти низ Балканот, се дел од причините поради кои Каролина дојде до следното признание.
Со огромно задоволство сакаме да ве информираме дека нашата есксклузивка Каролина Гочева е прв и единствен музички артист, прогласен за Superbrands Македонија за 2011/12.
Секако, покрај фактот што минатата 2011 беше една од најуспешните сезони за Каролина, најголема причина за тоа е одличната продажба и големиот број хитови на нејзиниот последен албум Капка под небото, кој лиценцно беше издаден и од City Records за просторот на екс Југославија. На 13 мај 2011 беше одржан спектакуларен концерт на Каролина во арената Борис Трајковски, пред повеќе од 7.000 фанови, а не изостанаа и огромниот број настапи во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Досега, на просторот на Балканот, ова престижно признание го имаат добиено единствено Јосипа Лисац и Џибони.

КАРОЛИНА СО ЦЕДЕ СО НАЈГОЛЕМИ ХИТОВИ

објавено: 16 декември 2011

Напролет Каролина ќе објави цеде со најголеми хитови, а можно е снимање на продолжение на проектот "Македонско девојче", најпродаваниот албум во Македонија за 2008.
Компилација со нејзините најдобри песни, нов албум и концерти се само дел од плановите на македонската поп-ѕвезда за 2012 година.

КАРОЛИНА И ONE

објавено: 15 декември 2011

Авалон Продукција со задоволство објавува соработка и договор за стратешко партнерство со ОNЕ. Во наредната, 2012 година, македонската музичка мега ѕвезда Каролина Гочева ќе ја гледаме како заштитно лице на рекламните кампањи на телекомуникацискиот оператор ОNЕ.
"Ретко кој не ги знае производите и услугите на ОNЕ. И во мобилната и во фиксната телефонија, интернет и Boom TV. На мое задоволство услугите на ОNЕ од сега ќе бидат дел од моето секојдневие и мојот имиџ.", изјави Каролина на конференцијата за новинарите.
| погледнете фотографии |

Каролина на Горки Лист MTV Филмски Награди 2011

објавено: 7 јуни 2011

Каролина (ft. Bei the Fish) со ексклузивен настап на свечената церемонија на доделувањето на Горки Лист MTV Филмски Награди 2011 во недела 5 јуни, театар Мадленианиум, Земун, Белград.
| погледнете видео | погледнете фотографии |

СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА

објавено: 16 мај 2011

Во петокот 13-ти мај во Арената Борис Трајковски, Каролина одржа спектакуларен концерт пред повеќе од 7.000 фанови.
На два и пол часовниот концерт покрај песните од последниот албум "Капка под небото", Каролина ги отпеа и сите стари хитови, а како специјални гости на концертот настапија Влатко Стефановски, Bei the Fish, Tavitijan Brothers и Владо Јаневски.
| погледнете фотографија | погледнете галерија |

ВО ПРОДАЖБА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА ГОЛЕМИОТ КОНЦЕРТ

објавено: 18 април 2011

Почитувани,
Ве информираме дека од денес во продажба се пуштаат влезниците за големиот концерт на Каролина, кој ќе се одржи на 13-ти мај во Арената Борис Трајковски.
На концертот на Каролина како специјални гости ќе настапат Влатко Стефановски, Bei the Fish, Tavitijan Brothers и Владо Јаневски, а секој посетител на влез ќе добие поклон CD од последниот албум на Каролина "Капка под небото".
Влезниците по цена од 300 ден. и 500 ден. ВИП, ќе можат да се набават на сите продажни места на билет сервисот www.kupikartizase.com.
| погледнете постер | купете карта |

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИJА ВО БЕЛГРАД

објавено: 29 март 2011

На 24-ти април во Белград, Каролина имаше прес конференција повод излегувањето на српското издание на нејзиниот нов албум "Кап испод неба". Во присуство на сите српски медиуми, воедно беше промовиран и спотот за песната "Више се не врачаш".
| погледнете видео | погледнете фотографии |

КАРОЛИНА СО НОВ СПОТ

објавено: 15 март 2011

Вчера на средбата со новинарите по повод концертот, што ќе се одржи во Арената Борис Трајковски на 13-ти мај, беше промовиран и новиот спот на Каролина feat. Влатко Стефановски за темата "Не се враќаш".
Спотот го изработи Томато продукција, а во него, покрај Каролина и Влатко, се појавуваат актерите Весна Станојевска и Игор Стојчевски.
| погледнете видео |

ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА НА 13-ТИ МАЈ

објавено: 3 март 2011

Со големо задоволство сакаме да ве информираме дека најголемата македонска ѕвезда Каролина го потврди својот голем скопски концерт, промоција на албумот Капка под небото.
Концертот ќе се одржи во Арената Борис Трајковски на 13-ти мај!
Повеќе детали околу гостите и влезниците, наскоро!

VANESSA MAE и КАРОЛИНА - БЕЛГРАДСКА АРЕНА, 27.02.2011

објавено: 1 март 2011

VANESSA MAE и КАРОЛИНА
| зголемете фотографија |

НОВ СИНГЛ - IDEAL WOMAN

објавено: 16 февруари 2011

Со огромно задоволство сакаме да ве информираме дека Каролина овој месец оствари многу интересна соработка со можеби во моментов најдобриот македонски бенд Bei the Fish, од која произлезе синглот Ideal Woman, кој Каролина го подарува на сите фанови.
| превземете Mp3 |

КАРОЛИНА СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ДОРА

11 февруари 2011

Со огромно задоволство ве информираме дека на покана на Хрватската Радио Телевизија, на 12-ти февруари 2011 Каролина ќе биде специјален гостин на Дора - изборот на хрватскиот претставник на Евровизија.

Истата вечер Хрватска го избира последниот шести финалист за претставник на државата на Eurovision 2011.

Секако, важно е да се напомене дека Каролина и Дино Мерлин се единствените гости од Балканот на овогодинешната Дора, а Каролина придружувана од оркестарот на ХРТВ ќе настапи со песните "Више се не врачаш" и "Несаница".

КАРОЛИНА СО "ГОЛЕМО СРЦЕ"

објавено: 2 февруари 2011

На 26.01.2011 во Сараево се одржа концерт, како дел од хуманитарната акција "Со силата на вољата против ракот на грлото на матката - Мојот живот е моја песна", во организација на една од најстарите интернационални хуманитарни организации "Интернационална лига на хуманисти".

Главни носители на проектот се најдобрите пејачки во регионот: Каролина Гочева - Македонија, Нина Бадрич - Хрватска, Александра Радович - Србија и Маја Сар - Босна и Херцеговина, или како што потенцира претседателот на организацијата, Г-ѓа Елизабет Рен: "Единствен пример на уметници во чија работа и делување основата е љубовта, која ја ослободува целата духовна и позитивна енергија."

Во преполниот "Босански Културен Центар" пејачките се претставија со по четири песни. Каролина придружена од бендот на Дино Мерлин ги исполни: "За година-две", "Сама", "Не се враќаш" и "Срешчемо се опет", а на крајот четирите диви заедно ја отпеаа песната "Мој је живот моја песна", која авторот Маја Сар ја направи специјално за оваа пригода.

На крајот од концертот на Каролина, Нина, Александра и Маја им беше врачена "Златна плакета" со значка за "Големо срце", лично од претседателот Г-ѓа Елизабет Рен, со назнака за нивната севкупна работа и делување на хуманите и етички начела и принципи, покажаната благородност и хуманост во помошта и поддршката на луѓето во невоља во многубројни програми и проекти, а посебно во проектот "Мојот живот е моја песна".
| погледнете фотографии |

КАРОЛИНА ГОЧЕВА НАЈГЛЕДАНА НА ЈУТЈУБ

објавено: 31 јануари 2011

Македонската поп-принцеза Каролина Гочева со песната „Не се враќаш“ од нејзиниот албум „Капка под небото“ е најпрегледувано македонско видео на „ЈуТјуб“ во декември 2010 година, според официјалните статистики со кои располага редакцијата за забава на „Многу.мк“. Со ова, видеото на поп-принцезата ги урива сите рекорди на краток рок.

Со вкупно 144.151 преглед, Каролина е најпосакувана музичка ѕвезда од страна на македонските интернет-корисници. Инаку, дополнителен куриозитет е дека ова видео е едно од најсподелуваните видеа на социјалната мрежа „Фејсбук“ во истиот период од минатата година.

Извор: Mnogoo

ДРУЖБА НА КАРОЛИНА СО ФАНОВИТЕ

објавено: 10 декември 2010

По повод излегувањето на новиот албум на 11ти декември во периодот од 13:00 до 15:00 часот во музичката продавница Југотон, во Градскиот трговски центар во Скопје, Каролина ќе се дружи со своите фанови.

Сите намерници (па и ненамерници) кои во тој период ќе ја посетат музичката продавница Југотон ќе имаат можност да добијат автограм и да се фотографираат со Каролина.

КАПКА ПОД НЕБОТО - ВО ПРОДАЖБА

објавено: 29 ноември 2010

Од 29-ти ноември официјално во продажба е долгоочекуваниот нов, шести по ред, албум на Каролина "Капка под небото".
Албумот е со тираж од 20.000 примероци и по цена од 200,00 денари може да се купи на повеќе од 2.000 продажни места низ цела Македонија.

Во пресрет на новогодишните празници во продажба ќе биде пуштено и ексклузивно дигипак издание на овој албум.

КАПКА ПОД НЕБОТО - НАСКОРО ВО ПРОДАЖБА

објавено: 16 ноември 2010

На 29ти ноември во продажба ќе излезе новиот, шести по ред, албум на Каролина - "Капка под небото".

Новиот сингл од овој албум "Не се враќаш", на кој специјален гостин е Влатко Стефановски, на 16ти ноември точно во 13:00 часот ќе има своја промоција на сите македонски радија, а веќе во 13:15 часот сите фанови песната ќе може да ја слушнат и на следните интернет сајтови: www.karolinagoceva.net, www.avalon.com.mk, www.kirilica.com.mk, www.idividi.com.mk, како и на Facebook страницата на Каролина.

Инаку, песната "Не се враќаш" е дело на Даниел Кајмакоски, текстот го напиша Весна Малинова, а аранжманот Бертан Аслани.
Снимена е во студиото "БМА" во Скопје, а финалниот микс и постпродукцијата се направени од страна на Махир Сарихоџиќ во студиото "Long Play" во Сараево.

НОВ СИНГЛ - "НЕ СЕ ВРАЌАШ", СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ

објавено: 16 ноември 2010

"Не се враќаш" е дело на Даниел Кајмакоски, текстот го напиша Весна Малинова, а аранжманот Бертан Аслани.
Снимена е во студиото "БМА" во Скопје, а финалниот микс и постпродукцијата се направени од страна на Махир Сарихоџиќ во студиото "Long Play" во Сараево.