• Каролина со „Македонско девоjче“ на „Егзит 2015“

    објавено: јуни 2015

    Роденденското 15-то издание на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад годинава ќе биде збогатено и со настапот на нашата најголема ѕвезда Каролина Гочева со проектот „Македонско девојче“, соопштија од „Авалон продукција“.
    Пејачката со својот бенд ќе настапи како една од главните ѕвезди во сабота, 11 јули, на „Фјужн сцената“ (Fusion Stage).

    Како што Ви пренесувавме во изминатиот период, во рамките на јубилејната 15. „Егзит авантура“, на сцените во Нови Сад (СР) и Јаз (ЦГ) ќе настапат бројни светски и регионални ѕвезди како што се „Моторхед“, „Продиџи“, Ману Чао, „Рудиментал“, „Феитлес“, Емели Санде, Џон Њуман, „Клин бандит“, Том Одел, „Иглс оф дет метал“, „Дубиоза колектив“ и повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

  • Каролина во Банско

    објавено: јуни 2015

    Каролина Гочева на 26 јуни ќе учествува на фестивалот „Балкан боеми“ во Бугарија. Инаку фестивалот се одржува на 26 и 27 јуни, во Банско, а покрај Каролина ќе учествуваат и Жељко Јоксимовиќ и бугарскиот уметник Иво Папазов.

    Каролина Гочева со својот менаџерски тим реши на „Балкан боеми фестивал“ да настапи со композициите од албумот „Македонско девојче“.

    Каролина ќе настапи на 26-ти Јуни како главна звезда на првата фестивалска вечер, додека гостин на втората фестивалска вечер е српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ.

    После спектакуларните настапи на Каролина во Србија во најпопуларните шоу програми на Балканот – „Иван Ивановиќ Шоу“ и „Икс Фактор“ и со веќе најавен настап на најголемиот музички фестивал во овој дел од Европа – „EXIT Festival“, приказната за „Македонското девојче“ продолжува да го освојува Балканот.

  • МАКЕДОНСКО ДЕВОJЧЕ СО КАРОЛИНА

    објавено: ноември 2014

    Почитувани,

    сакаме да Ве информираме дека влезниците за големото затворање на најуникатниот македонски проект „Македонско девојче“ со Каролина, кое ќе се случи на 13-ти декември во арената Борис Трајковски, во продажба ќе бидат пуштени од утре (10-ти ноември – понеделник),почнувајќи од 10 часот.

    Билетите по основна цена од 600,оо денари, како и ВИП Партер и ВИП Трибина со цена од 800,оо денари, можете да ги најдете преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, Розе – Веро 2, Камарад, специјалното продажно место во Skopje City Mall и online на www.kupikartizase.com.

    Како што претходно Ве информиравме, арената Борис Трајковски за оваа пригода ќе биде специјално адаптирана во комплетно седечка формација, во која и во партерот сите места ќе бидат за седење. Важно е да се напомене дека со секоја купена влезница следува подарок ДВД од антологиските концерти во Македонската Опера и Балет.

    Со почит,
    Авалон Продукција
    | погледнете постер |

  • МАКЕДОНСКО ДЕВОJЧЕ 2 НА iTunes

    објавено: април 2014

    Почитувани,
    сакаме да Ве информираме дека поради огромниот интерес кој што го предизвика последниот албум на Каролина "Македонско Девојче 2" како во Македонија така и во многу делови на светот кај нашите иселеници, од денес албумот може да се набави дигитално и преку најголемата светска online продавница за музика iTunes Store.
    | продажба |

  • КАРОЛИНА НА ГОЛЕМИ КОНЦЕРТИ ЛЕТОВО

    објавено: април 2014

    Почитувани,
    со огромно задоволство сакаме да Ве информираме, дека после распродадените 6 концерти во Македонската Опера и Балет во Скопје, Каролина со проектот “Македонско девојче” ова лето ќе одржи концерти во античките театри во Битола и Охрид.
    Во античкиот театар Хераклеа во Битола, Каролина ќе одржи два концерти - на 24ти и 26ти јули, а настапот во античкиот театар во Охрид ќе биде на 25ти јули.
    Влезниците за трите концерти, во продажба ќе бидат пуштени од понеделник 7ми април, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ како и online на www.kupikartizase.com по следните цени и категории:
    Битола – ТРИБИНА 300,оо денари;
    Охрид – ТРИБИНА - седење 400,оо денари/ ПАРТЕР 300,оо денари;
    Наскоро очекуваjте објава за уште неколку концерти кои ќе се одржат ова лето како промоција на проектот „Македонско девојче“.
    Авалон Продукција